Mакедонски јазик за странци

Училиштето за македонски јазик за странци „Ананија“ е првото приватно училиште коешто е предназначено за изучување на македонскиот јазик како странски јазик.

Користиме учебници изработени од страна на универзитетски професори, доктори на науки при катедрата по македонски јазик и јужнословенски јазици. Исто така учебниците според кои се изведува наставата во ова училиште се изработени според европски обрасци, во текот на проекот од ТЕМПУС програмата под надлежност на Европската Комисија при Филошкиот факултет „Блаже Конески“, катедра по македонски јазик и јужнословенски јазици.

Професороката што предава во училиштето е обучена токму на таа ТЕМПУС програма. Користиме разговорен приод кон учењето на македонскиот јазик. Наставата што ја изведуваме во нашето училиште е според Заедничката европска референтна рамка за јазици: учење, настава и оценување при Советот на Европа, отсек за современи јазици, Стразбур. Јазикот никогаш не е изваден од контекст. Се применуваат граматички, фонолошки, лексички и сите други особености на вистинската употреба на македонскиот јазикот во секојдневни околности.

Се употребува обемен изворен материјал, давајќи им на студентите вредостојна слика за денешната македонска култура и општество, во исто време, како и развивање на изворни јазични и разговорни вештини. Меѓу главните техники и методи се: разговорни задачи, работа во групи, и драматизација. Најголема важност е ставена на разговор и примена на јазичните вештини од страна на студентите отколку на пасивно прифаќање.

Училиштето за македонски јазик за странци „Ананија“ е признато од државата и користи учебници изработени на државниот универзитет при националната катедра за македонски јазик, според референтната рамка за современи јазици. По завршувањето студентите добиваат уверение за завршен степен и одлична подготовка за полагање ТЕМАК при државниот универзитет и катедрата за македонски јазик.