Ана Танчева стекна право на стручниот назив овластен лектор по македонски јазик со Уверение за положен испит за лектор по македонски јазик, при Министерството за култура на Република Македонија, Комисија за полагање испит за лектор, Скопје, Република Македонија.
Овластен лектор е на: „Запознај ги фактите“, Сократ Манчев, Здружение „Избор“, 2000 година, Струмица; „Водич низ белезите на разнородните култури засолнети во Скопје“, Олга Чоланческа, Здружение „Урбис“, 2001 година, Скопје; „Духовни бранувања“, Ѓорѓи Панов, „Макселин“, 2001 година, Струмица; „Отворени писма“, Методија Калкашлиев, „Макселин“, 2001 одина, Струмица; списанието „Струмица денес“, 2002-2006 година, „Макселин“, Струмица; списанието „Комуналец“, 2004-2006 година, „Макселин“, Струмица; „Вероника Самарак“, Антон Панов, Здружение за култура и уметност „Сцена“, 2018 година, Струмица и др.
Поради потребата што ја наложува Законот за македонски јазик, секој пишан текст на македонски јазик што излегува од печат треба да има извршено лектура, односно задолжитлено е сите текстови што излегуваат од печат во Република Македонија да бидат на книжевен македонски јазик, затоа во нашето училиштето вршиме и лектура на секаков вид текстови од страна на овластен лектор по македонски јазик.


