Ана Танчева своето високо образование го стекна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на катедрата по македонски јазик и јужнословенски јазици во Скопје, Република Македонија, на групата за македонски јазик и македонска книжевност и стекна право на стручниот назив професор по македонски јазик и македонска книжевност.
Ана Танчева ги поседува и следните дипломи: Диплома за италијански јазик, 8 степен, Центар за јазично образование „Бронко“, Скопје; Уверение за англиски јазик како странски јазик, напреднато рамниште, Училиште за англиски јазик „Св. Џорџ“, Скопје и Уверение за англиски јазик, напреднато ниво „Св. Гилес Интернатионал“, Лондон, Обединето Кралство.
Ана Танчева работеше на Проектот од програмата ТЕМПУС – „Надградување на студиските програми по македонски јазик како странски“, раководител проф. д-р Искра Пановска–Димкова и проф. д-р Татјана Гочкова при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, катедра по македонски јазик и јужнословенски јазици, Скопје.
Од 2015 година работи во Училиштето за македонски јазик за странци „Ананија“ како професор по македонски јазик и се здоби со огромно искуство работејќи со ученици од целиот свет.
