Училиште за македонски јазик за странци

Училиштето за македонски јазик за странци „Ананија“ е првото училиште за македонски јазик за странци во коешто се изучува македонскиот јазик како странски јазик. Замислата за основање на училиштето за македонски јазик за странци „Ананија“ се роди токму од потребата за такво училиште за македонски јазик за странци.

Досега странските државјани го учеа македонскиот јазик во приватни услови, надвор од каква и да е образовна установа, или во училиштата за странски јазици, доколку се пријават одреден број слушатели-странци. Според нашите истражувања, горенаведените начини за изучување на македонскиот јазик како странски јазик не можеа да ги задоволат потребите на пазарот.

Вработените во дипломатските и странските претставништва во Република Македонија како и нивните семејства сега имаат можност да го изучуваат македонскиот јазик во училиште за македонски јазик за странци, токму овде во Скопје, во нивна непосредна близина.

Студентите од странство коишто студираат или имаат намера да студираат на универзитетите во Република Македонија сега имаат можност да го научат македонскиот јазик, посетувајќи ги нашите курсеви по македонски јазик за странци секојдневно, и да бидат оспособени непречено да посетуваат настава на македонски јазик.

Студентите што сакаат да посетуваат настава по македонски јазик на универзитетите во Македонија, сега имаат можност да дојдат во Македонија, во нашето училиште за македонски јазик за странци, да посетуваат настава по македедонски јазик како странски јазик, каде што имаат можност да го научат и вежбаат македонскиот јазик.

Туристи-љубители на јазици, сега посетувајќи ја Македонија, во исто време, можат и да го учат македонскиот јазик.

Македонците од дијаспората се исто така добредојдени во нашето училиште за македонски јазик за странци каде што можат да го учат јазикот на нивните прадедовци во татковината на нивните прадедовци.

Средношколци што имаат потреба од часови по македонски јазик при подготовка за државна матура по македонски јазик се исто така добредојдени во училиштето за македонски јазик за странци. Поради потребата што ја наложува Законот за македонски јазик, секој пишан текст на македонски јазик што излегува од печат треба да има извршено лектура, односно задолжитено е сите текстови што излегуваат од печат во Република Македонија да бидат на книжевен македонски јазик, затоа во нашето училиште за македонски јазик за странци вршиме и лектура на секаков вид текстови од страна на овластен лектор по македонскиот јазик.

Од октомври 2015 година, кога започна со работа првото училиште за македонскиот јазик за странци, имаме забележителен успех и Училиштето за македонски јазик за странци „Ананија“ работи со голем број љубители, изучувачи на македонскиот јазик. Наставата ја следат и успешно ја завршуваат студенти од целиот свет.

Училиштето за македонски јазик за странци „Ананија“ е затворено за време на државните празници на Република Македонија: 8 септември, 11 октомври, 23 октомври, 8 декември, 19 јануари, Велигден, 1 мај, 24 мај, Педесетница, 2 август. Доколку празникот е во недела неработен е наредниот ден. Затворено е за време на Божиќните празници од 24 декември до 8 јануари и за време на летниот распуст од 22 август до 2 септември.