Часови по македонски јазик

Часовите по македонски јазик се наменети за учениците од средно училиште, најчесто матуранти.

Часовите по македонски јазик како мајчин јазик служат како подготвителна настава за матурскиот испит по македонски јазик.

На часовите по македонски јазик се работи според граматиката за средно образование „Македонски јазик за средното образование“ од Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова-Ѓуркова и Живко Цветковски и прирачникот за матура по македонски јазик.

На часовите по македонски јазик за матуранти се предава само граматика на македонскиот јазик.

Часовите по македонски јазик како мајчин јазик можат да бидат македонски јазик на далечина, поединечни, групни, незабрзани и забрзани.