
„Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства или желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите прадедовци и да почитува сè што имаат тие направено за своето потомство.
Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух.
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорноста на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.“
„За македонските работи“
Крсте Петков Мисирков
