Македонски јазик за деца

Курсевите по македонски јазик за деца се наменети за деца родени во мешани бракови, во коишто едниот родител е Македонец. Наставата по македонски јазик за деца е намената за деца од 6 до 13 годишна возраст.

Наставата по македонски јазик за деца може да биде со присуство во училницата на Училиштето за македонски јазик за странци, македонски јазик за деца на далечина (онлајн), забрзана, незабрзана, групна и поединечна.

Еден час по македонски јазик за деца трае 45 минути. Наставата по македонски јазик за деца е приспособена на возраста на секое дете.