За Скопје

Училиште по македонски јазик за странци; Школо по македонски за странци; Летна школа по македонски за странци; Македонски за странци; Македонски како странски; Научи македонски онлајн; Учи македонски во Скопје

Има нешто зачудувачки привлечно во градот Скопје и неговата околина. Скопје е натопен со легенди, митови, вистински историски настани, а недвојбено е полн со сè уште неоткриени научни докази. Скопје е поставен на крстопат, освојуван, рушен, пален, подложен на земјотреси, секогаш бил вистинско засолниште на разнородни култури низ вековите.
     Денес Скопје е модерен град, престолнина на самостојна Република Македонија. Урбанистички градот е со недоречени и бесмислени решенија, небаре еден град легнал на друг. Судирите на старите и новите улици и различните култури се така чудно испреплетени така што веруваме дека на туристите ќе им биде многу интересно талкањето низ градот при што ќе ги откриваат ковчезите на културното благо и блесоците на генијалните градители. Во Скопје можете да седнете на некој камен, а да не забележите дека е дел од некогашно величествено здание. Во стариот дел на градот има археолошки слоеви до 6 м длабина. Не случајно, Скопје е едно место на напластени култури.
        Тој е на крстопат на оските исток - запад (азиската) и север - југ (европската) и секогаш бил место на собитија, борби и дијалози. Просторот зрачи и зборува, а времето е тука некако неважно, идеално место за засолниште на разнородни култури, достапно за сите спротивности, малку подзаспано, но крајно отворено. Скопје ве прифаќа, ве опушта и наеднаш сте свесни за минливоста. Чуден некој град, лежерен во своето богатство, свртен со своето сончево лице кон гостите, секогаш мили и драги. Мостовите на реката Вардар го сврзуваат левиот брег - стариот град и неговиот десен брег. Каде и да одите морате да го видите Камениот мост, тој е прекрасен и величествен. Застанати на Камениот мост добивате информација за скопската котлина, која е на 245 м надморска височина. На југ е планината Водно, а на север Скопска Црна Гора. На југозапад се наоѓа планината Сува Гора, а зад неа величествената Шар Планина. Вардар тече шумно, брзајќи кон Егејското Море.
        Добредојдовте во засолништето на цивилизацијата!


Водич низ белезите на разнородните
култури засолнети во Скопје,

од Олга Чоланчевска,
Здружение Урбис, 2001 г., Скопје



Познати личности од Скопје:
-      Мајка Тереза, хуманитарка
-      Милчо Манчевски, режисер
-      Дарко Панчев, поранешен фудбалер
-      Симон Трпчевски, пијанист
-      Срѓан Керим, поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН
-      Јахја Кемал Бeјатли, поет и дипломат