Општи услови

Упис

Студентот пополнува образец за упис којшто го испраќа до Училиштето заедно со депозит од _____ ден. за групните неинтезивни курсеви, _____ ден. за индивидуалните неинтезивни курсеви, _____ ден. за групните интезивни курсеви и _____ ден. за индивидуалните интезивни курсеви или целиот износ.
      Студентите треба да го испратат образецот за упис најмалку 10 дена пред датумот на започнување на јазичниот курс или 45 дена пред започнувањето на курсот за оние студенти што имаат потреба од виза.
     Прв чекор: Студентот го пополнува и испраќа образецот за упис во којшто го означува видот на курсот (групен неинтезивен курс, индивидуален неинтезивен курс, групен интезивен и индивидуален интезивен курс, бројот на часови и недели и времетраењето на курсот. Студентите што имаат потреба од виза, заедно со образецот за упис, треба да испратат и кратка биографија – CV.
       Втор чекор: Училиштето одговора дали барањето е прифатено или не.
       Трет чекор: Ако барањето е прифатено студентот уплаќа депозит или целиот износ. Училиштето испраќа потврда и студентски документи потребни за да се добие студентска виза, ако е потребно.
       Уписот се смета за валиден при примање на писмена потврда од Училиштето.
Биланс:

Студентите коишто се запишале со уплаќање на соодветниот депозит имаат можност остатокот од сумата за целиот курс да ја платат на рати пред почетокот на месецот во случај на неинтезивните курсеви, односно пред почетокот на следниот курс во случај на интезивните курсеви преку банкарски трансфер или во просториите на Училиштето.
Како да платите:

-   во просториите на Училиштето, секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот;
               -   банкарски трансфер:

За уплати од странство и девизни уплати од Македонија:

Девизна сметка:

               Име на фирма: АНАНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ
               Адреса на фирма: ул. „Коце Металец“ бр. 3А/1-32, Скопје, Гази Баба
               IBAN Code: MK 07 200 0039187835 02
               Име на банка: Стопанска банка АД Скопје
               Адреса на банка: „11 Октомври“ бр. 7, Скопје
               Земја: Македонија
               SWIFT: STOBMK2X

За денарски уплати од Македонија:

Денарска сметка:

               Име на фирма: АНАНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ
               Адреса на фирма: ул. „Коце Металец“ бр. 3А/1-32, Скопје, Гази Баба
               Име на банка: Стопанска банка АД Скопје
               Адреса на банка: „11 Октомври“ бр. 7, Скопје
               Број на сметка: 200 – 0039187767 - 12

Ве молиме наведете го името на студентот, насловот на курсот, бројот на часови и недели и датумот на започнување на курсот со сите плаќања.
Државните празници:

Не се се одржува настава за време на државни празници. (курсеви и програма). Не се враќаат средства за овие денови.
Одговорност:

Училиштето не одговара за губење на лични предмети во просториите на училиштето.
Откажување:

Откажувањe не важи за студентите што бараат документи за да поднесат барање за виза.
        Доколку студентот одлучи да не присуствува на часовите или да го скрати присуството на часовите нема право на враќање на средствата. Депозитите и билансите не се преносливи од личност на личност.
Визи:

Студентите што доаѓаат од земјите од коишто им е потребна виза за да студираат во странство, треба да се обратат до Македонската амбасада во нивната матична земја, претходно, за да се завршат формалностите. Потврда за запишување е еден од условите за добивање виза. Со цел да добие потврда за запишување студентот мора да ја плати целата сума за шлоларината за настава.
Осигурување:

На студентите им се препорачува да земат медицинско и лично осигурување пред да заминат од нивната матична земја.


ОБРАЗЕЦ ЗА УПИС