Курсевите се одржуваат двапати или трипати неделно во наизменични денови (понеделник/среда/петок и вторник/четврток) и траат 90 минути (2 часа од по 45 минути) или 135 минути (3 часа од по 45 минути). Термините за изведување на наставата се според договор.
Индивидуални курсеви:
Индивидуалните часови се изведуваат во времетраење што му одговара на посетителот на курсот. Термините за изведување на наставата се според договор.
Интензивни курсеви:
Сите интензивни курсеви што се изведуваат во текот на годината, независно од редовната настава, се изведуваат во термини одредени според договор.
Настава за средношколци и основношколци:
Часовите за средношколци и основношколци се изведуваат во времетраење што му одговара на посетителот на курсот. Термините за изведување на наставата се според договор.