Ана Танчева своето високо образование го стекна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, при Филолошкиот факултет Блаже Конески, на катедрата по македонски јазик и јужнословенски јазици во Скопје, Република Македонија, на групата за македонски јазик и македонска книжевност и стекна право на стручниот назив професор по македонски јазик и македонска книжевност. Исто така, таа стекна право на стручниот назив лектор за македонски јазик со Уверение за положен испит за лектор на македонскиот јазик, при Министерството за култура на Република Македонија, Комисија за полагање испит за лектор, Скопје, Република Македонија.
Ана Танчева ги поседува и следните дипломи: Диплома за италијански јазик, 8 степен, Центар за јазично образование Бронко, Скопје; Уверение за англиски јазик како странски јазик, напреднато ниво, Училиште за англиски јазик Св. Георге, Скопје и Уверение за англиски јазик, напреднато ниво Св. Гилес Интернатионал, Лондон, Обединето Кралство. Таа работеше на Проектот од програмата ТЕМПУС - Надградување на студиските програми по македонски јазик како странски, раководител, проф. д-р Искра Пановска–Димкова и проф. д-р Татјана Гочкова при Филолошкиот факултет Блаже Конески, катедра по македонски јазик и јужнословенски јазици, Скопје.
Лектор е на: Запознај ги фактите, Сократ Манчев, Здружение Избор, 2000 г., Струмица; Водич низ белезите на разнородните култури засолнети во Скопје, Олга Чоланческа, Здружение Урбис, 2001 г., Скопје; Духовни бранувања, Ѓорѓи Панов, Макселин, 2001 г., Струмица; Отворени писма, Методија Калкашлиев, Макселин, 2001 г., Струмица; списанието Струмица денес, 2002 – 2006 г., Макселин, Струмица; списанието Комуналец, 2004 – 2006 г., Макселин, Струмица; Вероника Самарак, Антон Панов, Здружение за култура и уметност Сцена, 2018 г., Струмица и др.