Поединечни курсеви по македонски јазик за странци се приредуваат кога професорот по македонски јазик работи со само еден ученик.
Групни курсеви по македонски јазик за странци се приредуваат кога учениците имаат роднини или пријатели коишто сакаат да научат македонски јазик во група. Големината на групата се движи од најмалку (2) двајца ученици до најмногу (6) шестмина ученици. Доколку учениците во групата се од едно семејство, сестри, браќа, сопруг и сопруга тогаш само првиот член од семејството го плаќа целиот износ, а останатите членови од семејството добиваат семеен попуст од 8%.
Незабрзани курсеви по македонски јазик за странци се одржуваат со долготраење на еден час од 45 минути. Незабрзаните курсеви по македонски јазик за странци со должина на еден час од 45 минути се одржуваат по 2 часа во една сесија од 90 минути. Незабрзани курсеви по македонски јазик за странци се најмалку 2 часа неделно, односно 8 часа месечно и најмногу 4 часа неделно, односно 16 часови месечно.
Незабрзани курсеви по македонски јазик за странци се одржуваат со долготраење на еден час од 60 минути. Незабрзаните курсеви се најмалку 1 час неделно, односно 4 часа месечно и најмногу 3 часа неделно, односно 12 часови месечно.
Забрзани курсеви по македонски јазик за странци се најмалку 6 часа од 45 минути неделно, односно 24 часови месечно.
Забрзани курсеви по македонски јазик за странци се најмалку 5 часа од 60 минути неделно, односно 20 часови месечно.
За забрзаните курсеви по македонски јазик за странци Училиштето по македонски јазик за странци „Ананија“ нуди попуст од 8%.
