Методологија

Училиште за македонски јазик за странци - Ананија; Школо за македонски јазик како странски/втор јазик - Ананија

Училиштето за македонски јазик за странци е првото приватно училиште коешто е специјализирано за изучување на македонскиот јазик како странски.
        Користиме учебници изработени од страна на универзитетски професори, доктори на науки при катедрата по македонски јазик и јужнословенски јазици. Исто така дел од учебниците според кои се изведува наставата во ова училиште се изработени според европски стандарди, изработени во текот на проекот од ТЕМПУС програмата под надлежност на Евопската Комисија при Филошкиот факултет „Блаже Конески“, катедра по македонски јазик и јужнословенски јазици.
        Професорот што предава во училиштето е обучен токму на таа ТЕМПУС програма. Користиме комуникативен приод кон учењето на македонскиот јазик. Наставата што ја изведуваме во нашето училиште е според Заедничката европска референтна рамка за јазици: учење, настава и оценување при Советот на Европа, Отсек за современи јазици, Стразбур. Јазикот никогаш не е изваден од контекст. Се применуваат граматички, фонолошки, лексички и сите други карактеристики на вистинската употреба на јазикот во секојдневни ситуации.
        Се употребува широк спектар на изворен материјал, давајќи им на студентите вредни информации за денешната македонска култура и општество, во исто време, како и развивање на автентични јазични и комуникативни вештини. Меѓу главните техники и методи се: комуникативни задачи, работа во групи, и драматизација. Акцентот е ставен повеќе на активност на студентите отколку на пасивно прифаќање.
        Училиштето „Ананија“ е признато од државата и користи учебници изработени на државниот универзитет при националната катедра за македонски јазик, според референтната рамка за современи јазици. По завршувањето студентите добиваат сертификат за завршен степен и одлична подотовка за полагање ТЕМАК при државниот универзитет и катедрата за македонски јазик.