Kурсеви и програма

Училиште по македонски јазик за странци. Школо по македонски јазик за странци. Летна школа по македонски за странци. Курсеви по македонски јазик за странци за почетно, средно, напреднато ниво/рамниште; македонски за странци; македонски како странски/втор јазик; научи македонски онлајн; учи македонски во Скопје, Македонија

Се одржуваат забрзани курсеви со 3 часа дневно или 15 часа неделно или 2 часа дневно или 10 часа неделно. Курсевите се групни каде што бројот на студентите е 2 - 10 посетители и поединечни курсеви. Одржуваме и незабрзани курсеви со 2+2 часа неделно или 2+2+2 часа неделно. Курсевите што ги изведуваме се за почетно рамниште за целосни почетници, средно рамниште и напреднато рамниште.

         Во летниот период изведуваме летни курсеви во јуни, јули и август. Во летниот период одржуваме интезивни курсеви, секој работен ден и неинтензивни курсеви двапати или трипати неделно, во зависност од Вашите желби и потреби. Исто така, во летниот период, нудиме индивидуални курсеви со можност да го изберете датумот и времето за почеток на курсот и групни курсеви со најмалку тројца слушатели.

    Во нашето Училиште за македонски јазик за странци „Ананија“ одржуваме дополнителна настава по македонски јазик за средношколци и основношколци. Вршиме подоготовка за екстерни тестови, тестови по македонски јазик, завршни испити по македонски јазик, односно подготовка за матура. Пишуваме есеи и подоготовка за писмени испити.

       Во нашето Училиште имате можност да го изберете и местото на одржување на наставата, односно Вашиот дом, Вашето работно место, или, пак, овде во Училиштето.

         За сите оние што не се во можност да дојдат во Македонија, во нашето Училиште нудиме можност и за одржување настава преку интернет, односно преку SKYPE.

        Нудиме попусти од 8% за повеќе од 20 часови месечно. Исто така нудиме попуст од 8% за втор и трет член од семејството.

     Од самото пристигнување студентите што не се почетници се тестираат и се ставаат во класи според нивното рамниште и потреби. Еден школски час трае 45 или 60 минути. Часовите се одржуваат од понеделник до петок во текот на целата година.

    Вршиме прочистување, односно лектура, на стандарден македонски јазик на сите видови текстови: дипломски работи, магистерски и докторски трудови, научни трудови, учебници, убава литература, научна литература, христијанска литература, дневни, периодични и месечни весници, односно сѐ што излегува од печат во Република Македонија.

        Училиштето за македонски јазик за странци – Ананија е затворено за време на државните празници на Република Македонија: 8 септември, 11 октомври, 23 октомври, 8 декември, 19 јануари, Велигден, 2 мај, 24 мај, Педесетница, 2 август. Доколку празникот е во недела неработен е наредниот ден. Затворено е за време на Божиќните празници од 28 декември до 8 јануари и за време на летниот распуст од 22 август до 2 септември.


РАСПОРЕД